Вулверхемтон после двата порази по ред (од Астон Вила и Ливерпул), вечерва на домашен терен им се врати на победите во Премиер лигата откако приреди изненадување совладувајќи го Челси со 2:1.
Лондонските „сини“ на тој начин направија еден чекор назад во борбата за шампионската титула, моментно се на петтата позиција со 22 бодови, три помалку од водечките Тотенхем и Ливерпул кој својот меч ќе го имаат в среда.
Од друга страна, популарните „волци“ предводени од менаџерот Еспирито Санто ја обезбедија шестата победа сезонава за моментно деветто место (20 бодови).
Мируваа мрежите после првото полувреме, а на стартот од вториот дел поведе составот на Френк Лампард со погодокот на Жиру (49`).
Израмнија домаќините преку Поденс во 66 минута, а конечниот епилог го постави португалскиот интернационалец Нето (90+5`).
ВИДЕО: Кога новинарот му откри што се случува, Мурињо почна да се смее!