Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху беше првиот во Израел кој вечерва, во медицинскиот центар на болницата „Тел Хашомер” во Рамат Ган, близу Тел Авив, се вакцинираше против новиот коронавирус со вакцината развиена од американската компанија „Фајзер”.

Постапката во живо ја емитуваше државната телевизиска и радио компанија Кан.

Постапката за вакцинација „беше спроведена во живо, пред камери, за да може премиерот да биде пример за да ја инспирира пошироката јавност да се вакцинира”, соопшти кабинетот на израелскиот премиер.