„Иднината на односите и начинот на којшто тие ќе се развиват треба да зависи од директните разговори меѓу Софија и Скопје. Мислам дека се изгуби доволно време, посебно последните три години кои се тотално изгубени за Македонија во некакви напразни надежи и очекувања, дека работите можат да се решат со некаков странски притисок во Софија“, изјави Љубчо Нешков, новинар и сопственик на информативната агенција БГНЕС, во своето гостување во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24.

Нешков истакна дека нема земја во ЕУ, која сака повеќе од Бугарија, Македонија да стане дел од Унијата.

Сопственикот на БГНЕС вели уште дека е голема лага тврдењето дека власта во Македонија нема партнер со кого да разговара во Бугарија. Нешков го постави прашањето како Македонија сака да го реши прашањето со Бугарија, ако две години нема испратено амбасадор во земјата.

„Каква порака ѝ испраќа македонската држава на Бугарија, од која сака поддршка за започнувањето на преговорите за влез во ЕУ“, прашува Нешков.

Погледнете повеќе во видеото што следи:

Извор: Трибуна