Кристијано Роналдо летово го напушти Јувентус и се врати во Манчестер Јунајтед по 12 години.

Роналдо е еден од најдобрите стрелци во историјата, со текот на времето ја прилагоди својата игра и стана класична машина за постигнување голови.

Честопати славниот Португалец знае да има среќа, па така беше и против Вест Хем кога постигна еден од најлесните голови во кариерата.

Имено, Фабијански успеа да одбрани по центаршутот на Бруно Фернандеш, а Роналдо повторно истрча на блокираната топка и ја затресе мрежата.

ВАР покажа дека нема офсајд, па Роналдо стигна до својот четврти гол на три меча досега.

Погледнете го голот овде.