Граѓанскиот активист Бесим Небиу во интервју за порталот zoom.mk вели дека власта како режимот на Груевски шири евроскептицизам со цел да ја покрие сопствената одговорност за неуспохет да почне преговори со Европската унија.
„Ако спорот со Бугарија не се реши годинава нема да се реши брзо. Статус кво е лоша стратегија за Македонија, таа е третата најсиромашна земја во Европа“, вели Небиу во интервјуто.
Тој смета дека идејата за минишенген не е во интерес на Македонија затоа што Србија станува хегемон во таа зедница и со тоа се зајакнува руското влијание во Балканот.
Според него, извршната наредба на претседателот Бајден има за цел да го пополни вакумот од евроскептицизмот во регионот и да го одврати малигното руско влијание.
Заев, Ахмети и Мицковски прекрасно ги разбираат американските пораки, но не им дават поблицитет оти што очигледно не им се допаѓаат, објаснува Небиу.
Зборувајќи за коалицијата на СДСМ и ДУИ на локалните избори, граѓанскиот активист смета дека Заев тешко ќе може да ја оправда коалицијата пред неговите гласачи, но со тоа се обидува да не му падне владата.
СДСМ и ДУИ ги врзува корупцијата. Лудо е да веруваш дека ДУИ може да се трансформира во зелена партија, тврди Небиу.