Атлетик Билбао го шокираше Атлетико Мадрид и славеше со 2:1, со што им нанесе пораз на „Јорганџиите“ во најнезгоден момент. Атлетико Мадрид останува лидер на табелата во Шпанија со 73 бодови, но сега има само два бода повеќе од Реал Мадрид и Барселона и три од Севиља на пет кола до крајот. Згора на тоа Барселона има натпревар помалку.

Беренгер во 8-ма минута му донесе водство на Билбао, Савиќ израмни во 77-ма, но „Јорганџиите“ ги шокираше Мартинез со гол во 87-та минута.