Триесет лица се уапсени, а десетици демонстранти побарале медицинска помош во Сиднеј откако избувнаа судири со полицијата поради посетата на израелскиот претседател Исак Херцог на Австралија.
Демонстрантите организираа митинг и ги обвинија полицијата и безбедносните сили за употреба на прекумерна сила, додека лидерите на Нов Јужен Велс ги бранеа постапките на полицијата за време на протестот на кој се собраа речиси 7.000 луѓе во центарот на Сиднеј.
Shared with us from Sydney happening now. He had his hands up. pic.twitter.com/Ubdo00Y15j
— David Shoebridge (@DavidShoebridge) February 9, 2026
Судири меѓу демонстрантите и полицијата се случија кога толпата се обиде да маршира кон австралискиот државен парламент. Полицијата официјално изјави дека голем број демонстранти се обиделе нелегално да ги пробијат полициските бариери кога се случиле физички конфронтации.
Полицијата, исто така, изјави дека се обидела да ги спречи демонстрантите да се пробијат бидејќи во исто време во Меѓународниот конгресен центар се одржувал собир на еврејската заедница по повод комеморација за жртвите во терористичкиот напад на плажата Бонди и дека нивната акција имала за цел да спречи потенцијален конфликт меѓу двете страни.
Во еден момент, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата. „Околностите беа тешки за полицијата која се обидуваше да ја смири ситуацијата“, рече Крис Минс, премиерот на државата Нов Јужен Велс.
Израелскиот претседател Херцог ќе посети неколку австралиски градови во наредните денови за да изрази солидарност со австралиската еврејска заедница по смртоносното масовно пукање минатата година. Трагичниот настан се случи на 14 декември 2025 година, за време на прославите на Ханука на плажата Бонди во Сиднеј, во кои беа убиени петнаесет лица.
Текстот (Видео) Насилни протести во Сиднеј: Демонстрантите се судрија со полицијата е превземен од МАКФАКС.























