Феноменална идеја која е добредојдена во периодите кога почесто се патува…
На љубителите на цвеќе голем проблем им претставува заминувањето на одмор, бидејќи тоа за нивните билки значи 10 до 20 дена без нега и што е најважно, без вода.
Главно се потпираме на пријателите, кои ќе сакаат да не заменат, но што да правиме кога немаме таква опција?
За овој неверојатен, а едноставен трик ви се потребни само јаже и сад со вода.
Ова едноставно решение ќе ви помогне билките да останат хидрирани за време на вашиот пат.
Идејата е да имате парчиња јаже кои ќе бидат поврзани за секоја саксија, а садот наполнет со доволно вода, погледнете како всушност изгледа тоа…