Приватната резиденција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Цезареја била цел на напад со дрон утринава испратен од Либан, потврдија од неговиот кабинет.

Во кусото соопштение се наведува дека Нетанјаху и неговата сопруга Сара не биле дома во моментот на нападот и дека во инцидентот нема повредени.

Утринава беа соборени уште два дрона испратени од Либан, а сирените се огласија во областа Тел Авив, пишува Тајмс оф Израел.

На видеата на социјалните мрежи се гледаат голем број амбулантни возила и други услуги, додека пристапот до медиумите е забранет.

Канцеларијата на Нетанјаху не даде информации за локацијата на израелскиот премиер во моментот на нападот.

Текстот (Видео) Нападната резиденцијата на Нетанјаху, се огласија сирените ширум Израел е превземен од МАКФАКС.