Најмалку пет лица се повредени денеска на централната железничка станица во Амстердам, откако маж вооружен со нож ги нападнал.

Повредените се однесени во болница. Полицијата интервенирала, го застрелала и ранила напаѓачот.

Медиумите јавуваат дека полицијата ја опколила областа на Синт Николастраат и самиот плоштад Дам.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како хеликоптерот слетува на плоштадот, додека повредените се префрлени во болница.