Францускиот маратонец Мохад Амдуни, се најде во центарот на вниманието откако за време на олимпискиот маратон ги турна сите шишиња со вода од масата, го зема последното, оставајќи ги другите зад него без вода.

Поради овој негов потег тој е на мета на жестоки критики. Се огласи и тој самиот конечно.

-Бидејќи шишињата со вода се свежи, тие се „испотени“, поради тоа се лизгави. Мислам дека на сите им е јасно дека само се обидував да земам едно шишенце на предниот дел од редот на кој беа наредени. Но, така се поредени, поради лизгавоста и мојата изморесност ги турнав, изјави тој и се извини јавно на сите останати натпреварувачи.