Во пожар што избувнал во продавница во градот Ермосиљо, на северозападот на Мексико, загинале повеќе од 20 лица, пренесуваат локалните медиуми.

Претседателката Клаудија Шејнбаум изрази сочувство до семејствата на загинатите и соопшти дека испратила тимови за помош на повредените и нивните блиски, пренесе „Ројтерс“.

Градоначалникот на Ермосиљо потврди дека бројот на жртвите е голем, а началникот на противпожарната служба изјави дека причината за пожарот сè уште не е утврдена.

Текстот (Видео) Над 20 загинати во пожар во продавница во Мексико е превземен од МАКФАКС.