Верувале или не, вежбањето може да биде неверојатно забавно…
Овој тренинг со задоволство ќе го одработат и лицата кои апсолутно не го сакаат вежбањето. Пронајдовме физичка активност која согорува доста калории, а воедно е и забавна. Станува збор за комбинација од класични вежби и танцување.
Оваа фитнес инструкторка креирала тренинг кој трае само 15 минути, а го активира токму секој мускул во телото. Со оглед на тоа дека спаѓа во категоријата на кардио програмите, го покренува метаболизмот и го започнува разградувањето на масни наслаги.
Дополнителна опрема не ви е потребна, само малку време и добра волја. Во следното видео погледнете како всушност изгледа овој тренинг и „танцувајте“ секој ден, доволни ви се само 15 минути…