Скопјанка со солзи во очите пред камерата на Сител телевизија вели дека не може да помине и да оди кај нејзиниот татко кој починал, поради тоа што полицајците не и дозволуваат да помине. Речици сите улици во централното градско подрачје се блокирани поради меѓувладината седница на Северна Македонија и Косово која се одржува во Скопје. Скопјанката вели дека иако полицајците и рекле да почекаат две минути, сепак таа чекала 20 минути. Но, камерата на Сител била таму, па делегацијата поминала дури по 45 минути.