Познатиот рапер Канје Вест може да се пофали со луксузна колекција на преку 500 пара патики, а притоа и самиот е дизајнер на многу популарни модели.

Еден од најпознатите модели на патики на раперот се најдоа на овогодинешната аукција во Хонг Конг, а притоа патиките Канје веќе ги има носено.

Почетната цена на овој пар е дури милион долари, иако организаторите на аукцијата тврдат дека последната цена ќе биде значително поголема.

Колекционерот што ги продава, истакнува дека тие се многу посебни затоа што раперот ги носел за време на неговиот настап на Греми наградите во 2008 година.