Протестен собир во знак на солидарност со палестинскиот народ и нивниот отпор се одржува денеска на плоштад Македонија. Ова следува откако повторно ескалираа судирите меѓу израелската армија и организацијата Хамас во реонот на појасот Газа.
„Палестинскиот народ во окупираниот источен Ерусалим се соочува со етничко чистење од државата Израел. Како резултат на нападите и насилството што ги користеа израелските власти, само оваа недела, беа убиени над 30 палестинци, од кои 14 деца, оставајќи стотици повредени, велат оние кои излегоа на протестот.