Кејт Хадсон на Инстаграм објави видео во кое нејзината мајка Голди Хоун ја носи нејзината ќерка Рани Роуз на грбот.

Легендарната холивудска актерка Голди Хоун (75) е баба на шест внучиња, а најмалата внука Рани Роуз (2) и ја роди ќерката, познатата актерка Кејт Хадсон (41).

Со својата ќерка и малечката Рани Роуз, чиј татко е актерот Дени Фуџикава, за викенд тие уживаа во прошетката, а Кејт на Инстаграм сподели видео од разиграната баба и внуката.

„Силната Гого со 13 килограми љубов на грбот“, напиша Хадсон во описот на видеото во кое Голди енергично чекори и пее додека ја носи својата внука на грбот.

„Најкул баба“, „Голди е божица“, „Колку енергија има оваа жена!“, пишуваа под објавата воодушевените обожаватели на легендарната актерка која и на својот Инстаграм преку видеата како таа вежба докажува дека годините за неа се само бројка.