Џани Алиоски, кој одигра речиси 80-тина минути и неговиот Лидс продолжуваат со добрите партии. На петиот меч во низа немаат пораз, овој пат против актуелниот првак Ливерпул на домашен терен. „Црвените водеа“ со голот на Мане во 31-та минута, но сепак Ливерпул остана без победа благодарејќи на голот Диего Љоренте во 87-ма минута. Ливерпул со овој бод остана на шестото место со 53 бодови, а Лидс е 10-ти со 46 бодови.
Интересен момент пред мечот имаше кога фудбалерите на Лидс носеа маички со кои јасно покажаа дека се против Суперлигата и дека се за сегашната Лига на шампиони. На Јурген Клоп ова му беше смешно.
-Имаше такви маички и во нашата соблекувална. Нормално дека не ги облековме, никој не треба да не потсетува дека треба да заслужиме место во ЛШ. Потегот на Лидс беше смешен, изјави Клоп.