Вчера во 16:50 часот во паркот „Жена борец“ во Скопје, минувачите забележале лице кое лежело на земја. Во 16:51 часот луѓето повикале Брза помош, но наместо итна интервенција од операторот добиле низа прашања: дали лицето е во алкохолизирана состоја, дали може некој да провери дали мириса на алкохол, дознава ТВ21.

Поради пандемијата, никој не можел да провери и да му се доближи на паднатиот човек.

Лицето лежело на земја, со крв на лицето. Од првото пријавување до доаѓањето на Брзата помош поминале цели 30 минути иако болницата е на само 5 минути од паркот.