Едно егал полувреме, првото, и очајно одиграно второ полувреме за МЗТ Скопје на вториот меч од вториот кој деновиве се игра во Бања Лука, а е дел од АБА 2 лигата.

Оние слабости кои момците од Аеродром ги „најавија“ на претходната средба, во која едвај беше совладан Хелиос, во 40.минути од дуелот со Слобода од Ужице сега излегоа на површина. Особено тоа се однесува за второто полувреме во кое нашиот претставник остана без вистински одговор.

Аеродромци загубија денеска од Слобода Ужице со резултат 67:81, за македонската екипа најрасположени беа Гравет забележа 24 поени, седум асистенции и шест скока и Олуџоби со 19 поени и седум скока.

На спротивната страна за српскиот тим доминираше Степановиќ со 20 поени (шест скока), следен од Илиќ со 19 поени (пет скока).

Третиот последен меч во Бања Лука, МЗТ ќе го има против Студентски центар од Подгорица. Овој натпревар е закажан за 24 јануари (недела) од 21.00 часот.