Во врска со видеото на социјалните мрежи на кое се гледа непрописно паркирано возило со скопски регистарски ознаки на територија на Дебар Маало , МВР информира дека настанот се случил на 22 март.

Возилото било подигнато од страна на ПОЦ, а на возачот на возилото С.К. издаден му е платен налог.

„Ве информираме дека предметното возилото не е на полициски службеник“, велат од МВР.

Во врска со постапувањето пак на полициските службеници при подигнувањето на возилото, веќе постапува Одделот за внатрешната контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и по завршување на целокупната постапка соодветно јавнотост ќе биде информирна.

Возилото ги изиритира граѓаните зашто беше паркирано сред велосипедската патека, и бараа да биде подигнато. Од целиот настан, објавено е видео.

Текстот (Видео) МВР: Не е вистина дека автомобилот непрописно паркиран во Дебар Маало е на полицаец е превземен од МАКФАКС.