Играчите предводени од менаџерот Жозе Мурињо вечерва само ремизираа на гостувањето кај Вулверхемптон (1:1) во рамките од 15 коло во Премиер лигата.
Тотенхем на фантастичен начин го отвори натпреварот и стигна до предност уште во првата минута кога Ндомбеле реализираше за 0:1.
Се чинеше дека фаворитот на овој меч ќе ги слави трите бода, но тоа не се случи. Во 86 минута после еден центаршут највисок во казнетиот простор на лондонскиот клуб беше Сајс кој го постави конечниот епилог.
После ова реми Тотенхем кој веќе четири меча по ред не знае за победа моментно е на петтата позиција со 26 бодови, шест помалку од водечкиот Ливерпул.
Вулвси се на 11 позиција со 21 бод, еден повеќе од Лидс на македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски на 12 место.