Скандал од невидени размери е повлекувањето на кумановското Јавно обвинителство од постапката против градоначалникот Максим Димитриевски само неколку дена пред да се донесе пресудата, изјави Атина Мургашанска, советничка во Советот на општина Куманово.

Според неа, ова конечно потврдува и зошто Максим Димитриевски влезе во коалиција со Мицковски и која беше неговата цел.

„Оваа одлука јасно ја открива вистинската причина зошто Максим Димитриевски влезе во коалиција со Христијан Мицкоски, само за да ја избегне личната одговорност пред правосудните органи. Тројанскиот коњ во опозицијата – сега веќе е комплетно разобличен. Цената за расколот во опозицијата беше токму спасот на Димитриевски од кривичен прогон. Тој одигра улога на саботажа и денес му слугува на Мицкоски како измеќар. За возврат доби политичка заштита од правен прогон. Сега е јасно зошто молчи за криминалите на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Максо станал вечен должник на Мицкоски“, рече Мургашанска.

Според неа, ова не е само правен скандал, туке е тежок политички договор кој ја компромитира независноста на обвинителството и го поткопува целиот правосуден систем.

СДСМ бара истрагата од самото обвинителство и итна одговорност.