Во текот на еден уличен грабеж при кој за малку ќе завршел трагично, пресудило тоа што човекот го убедил крадецот дека навиваат за ист тим. Видео снимката доаѓа од улиците од еден од бразилските градови, каде јасно се гледа дека крадецот седнат на мотор држи вперен пиштол во еден човек.

Го нападнал со цел да му ги земе парите и мобилниот телефон. На крајот, според бразилските медиуми, се завршило добро, бидејчи човекот му рекол на крадецот дека навива за Палмеирас, што било доволно да се спаси бидејќи двајцата навиваче за ист тим.  На крајот дури се поздравиле, па секој тргнал по својот пат.

Victim of robery convinces bad guy to let him go because they both are Palmeiras fans, who recently lost!! from r/ItHadToBeBrazil

loading…