Веќе знаеме дека Кејт Хадсон привлекува внимание каде и да се појави. Без разлика дали станува збор за гламурозни настани или лежерни дневни собири – едно е сигурно, таа секогаш има подготвена комбинација за дадената пригода.

И така беше и овој пат…

Неодамна присуствуваше на доделувањето на филмските награди во Палм Спрингс во Калифорнија, каде што ја доби наградата „The Icon“. Може да се каже дека остави впечаток и на црвениот тепих кога се појави во гламурозен фустан кој „мириса“ на празници.

Ова е интересна креација од либанскиот дизајнер Жорж Чакра која ја следи линијата на телото и ја нагласува витката фигура. Фустанот е дел од колекцијата есен/зима 2025, а е украсен со отворен грб, панделка, мрежест дезен и две ленти кои се влечат зад фустанот.

Кејт го комплетираше својот стил со висока пунџа, шминка во неутрални тонови и едвај забележливи модни додатоци – обетки.

Текстот (Видео) Може ли да биде подобро од ова: шармантната русокоса во фустан што „мириса“ на празници е превземен од МАКФАКС.