Мостот на реката Пчиња кај Долно Коњаре, скопско е најдолгиот мост во земјата што поврзува два регионални патни правци.
На Меѓународниот ден на Бошњаците, заедно со пратеникот Зекир Рамчиловиќ, премиерот Зоран Заев направи увид во последната фаза од изградбата на мостот на реката Пчиња кој ги поврзува Долно и Средно Коњаре.
Новиот мост во Долно Коњаре е изграден целосно со средства на ЈП за државни патишта, а инвестицијата е вредна повеќе од 60 милиони денари. Со широчина од 7,96 метри, со две коловозни ленти и со два тротоари, мостот ги исполнува сите стандарди за одвивање на сообраќајот и за движење на пешаците.