Арсенал вчера го промовираше новото засилување. Тоа е поранешниот голман на Шефилд Јунајтед, Арон Рамсдејл, кој минатата сезона испадна од првиот ранг на англискиот фудбал. 23-годишниот голман потпиша повеќегодишен договор со „Топџиите“, а неговиот клуб инкасира 30 милиони евра како отштета.

Вчера, тој официјално потпиша договор со својот нов тим. Тој неговото семејство дојдоа да го потпишат договорот, а тој со себе носеше и кутија со пепелта од неговиот покоен дедо.

“Дедо ми почина на денот кога мајка ми дозна дека е бремена и ме носеше мене. Се викаше Рон, па јас го добив името по него – Арон. Кога почина, решивме да го кремираме и чувавме дел од пепелта во семејството. Тато го носи на секој натпревар “, истакна тој при потпишување на договорот.