Момче од Камерун, Африка, преку ноќ стана хит меѓу Србите на социјалните мрежи, поради песната што ја пее на сосема чист српски јазик.

Имено, неименуваниот млад човек во занес го пуштил гласот колку што го држи, за време на изведбата на популарната песна „Ѓурѓовден“.

Пеејќи ги добро познатите стихови од легендарната песна на групата „Бијело дугме“, „Ѓурѓовден“, буквално ги воодушевил корисниците на Редит, Инстаграм, Фејсбук и Твитер од Србија.

„Кога Камерунец ќе го погоди севдах“, „Брате наш, види ја таа емоција додека пее“, „Братот пее подобро од мене“, „Како пее човекот, секоја чест“, се само некои од коментарите под објавата која стана вирална на социјалните мрежи.