Репортерите на порталот Блесoк.инфо, во ужасните сцени кои ги затекнале во месноста Јабланица, каде пешки се пробиле, сведочат дека најшокантна за нив била средбата со момче, осамено меѓу урнатините, нешто што некогаш било село и негов дом.
„Дојдов овде, мојот пријател живееше таму“, рече момчето додека одеше меѓу урнатините, а потоа додаде: „Тука му беше куќата. Сега не знам каде е“.
Луѓето, собрани на остатоците од пругата меѓу остатоците од двете населени места, раскажале како ноќе скокнале од прозорците, побегнале од балконот и ги извадиле членовите на семејството, пишува Блесок.инфо. Тие беа сведоци и на приказните на мештаните кои гледаа како нивните соседи умираат.
Во текот на ноќта врнеше силен дожд, кој до утрото предизвика огромна материјална штета во повеќе делови на Босна и Херцеговина. Дополнително, евидентирани се и човечки жртви, а засега официјалните информации говорат дека се потврдени 18 жртви во цела Босна и Херцеговина.
Семејствата пријавуваат и голем број исчезнати лица, со оглед на тоа што во Јабланица беа активирани голем број одрони кои буквално затрупаа куќи и други објекти.
Текстот (Видео) Момче бара пријател меѓу урнатините во БиХ: „Тука му беше куќата, сега не знам каде е“ е превземен од МАКФАКС.