После домашната победа во дербито над Тотенхем, играчите на менаџерот Јирген Клоп им се вратија на гостинските триумфи во Премиер лигата. Ливерпул ја оправда фаворитската улога во „Селхурст парк“ во Лондон совладувајќи го Кристал Палас со убедлив резултат 0:7.

Трите бода беа потврдени уште во првото полувреме кога во листата на стрелците се запишаа Минамино, Мане и Фирмино.

Четвртиот гол беше дело на Хендерсон (52`), додека Фирмино го реализираше и вториот погодок, и така за првпат од 26 декември 2019 година против Лестер Бразилецот има два гола во еден премиерлигашки меч.

Голеадата не можеше да помине и без една од најголемите ѕвезди во составот, Египќанецот Салах кој настапи во вториот дел за период од три минути двапати ја затресе мрежата на Гуаита.

Актуелниот шампион од Енфилд останува на првото место на табелата со 31 бод, шест повеќе од второпласираниот Тотенхем кој својот меч ќе го има в недела против Лестер.

Салах им се нуди на Реал Мадрид и Барселона!?