За Кристијано Роналдо може да се каже дека е најдобриот играч на сите времиња, додека истото важи и за Андреа Пирло, но кога станува збор за неговата генерација играчи од средниот ред.

За време на повеќе од една деценија играње за Милан, Андреа Пирло беше во сенка на поголемите sвезди на „росонерите“, а исто така ја покажа и својата класа во Јувентус, каде во моментов е тренер.

Пирло и Роналдо неколку пати се најдоа на спротивните страни во текот на нивните кариери, но од мечот од 2007 година и дуелот на Олд Трафорд, Португалецот има поинаков пристап кон Италијанецот.

Тогаш Пирло со неговото препознатливо замавнување го „трзна“ Роналдо, кој дефинитивно се покажа како многу наивен во таа ситуација, што можеби не е изненадување со оглед на тоа што тогаш имаше 22 години.

Пирло во моментов е тренер на Роналдо во Јувентус. Самиот Португалец пред неколку месеци изјави дека има одлична атмосфера на тренинг и дека италијанскиот стил му одговара одлично.

Броејќи ги сите натпреварувања, најпопуларниот фудбалер на денешницата веќе има 23 гола, што е јасен показател дека Пирло максимално го користи знаењето и потенцијалот на Роналдо.

loading…