Садењето го прави со љубов. Ова е Мухамед Ебипи од скопско Крушопек. По завршување на факултетот, не сакал да започне да работи во некоја канцеларија, туку ја наследил работата на дедо му и татко му, а тоа е земјоделието, објави ТВ21.
Заработката е добра, но и оваа работа како и секоја друга, има свои тешкотии.
-Јас обработувам околу 7 до 8 илјади квадратни метри, не сум ги пресметал приближно но до 5, 6 или 7 илјади евра имаме годишно трошоци, вклучувајќи го семето, прскањето, ѓубрењето на земјата и многу други работи кои не е потребно да ги спомнувам-вели Ебипи.
За економските мерки на Владата за земјоделците, Мухамед вели дека биле штетни, бидејќи во оваа сезона доматите е тешко да се произведат за разлика од пролет.
Инаку сите тие кои сакаат да се занимаваат со земјоделие, им порачува да имаат познавања од оваа дејност бидејќи во спротивно може да не успеат.