За какви капитални инвестиции зборува СДСМ, кога учениците и во второто полугодие се без учебници, пашува портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

На денешната прес конференција таа изјави:

Во СДСМ владее колективна амнезија. Забораваат што ветуваат, а на денот кога треба да се исполни ветувањето, се соопштува нова лага со нов датум на исполнување. Второто полугодие за учениците започна без учебници, иако ја уверуваа македонската јавност дека книги ќе има. Милионски суми на пари се потрошија за наводна набавка на учебници, а сепак втора година по ред учениците се без наставни материјали. Нашиот образовен систем редовно е заробен и 5 години уназаден од СДСМ. Тие нивни “големи” идеи со кои се ветуваа едноставни решенија стана извор на сите проблеми.