Владата на Ковачевски е влада на порази, притисоци и автократија. Власта е само слеп извршител на нарачки, единствениот начин на кој што владеат е преку притисоци и уцени, обинува портпаролката на ВМРО ДПМНЕ Марија Митева.

На прес конференцијата таа изјави:

-Антивладиното расположение кај народот секој ден се зголемува со секој насилен обид на Ковачевски и СДС да се одржат вештачки на власт. Тоа го знаат и во СДС, тоа го знае и самиот Ковачевски. Залудно се трудат да вршат притисок врз било кој пратеник. Тоа е само уште една потврда за недемократските методи со кои се служи на власта. Прво ги навредуваа и напаѓаа медиумите, сега со истите методи удираат и по своите членови и пратеници кои се за предвремени избори.