„Пред само четири години ВМРО-ДПМНЕ, со Дејан Митески и Тимчо Муцунски, ветуваа дека Аеродром ќе добие 100.000 квадратни метри ново зеленило и нови паркови. Денес, по четири години, нема ниту еден нов парк“, кажа Марина Кусакатска, кандидатка за советник во Советот на општина Аеродром од СДСМ и коалицијата.

„Наместо зелен Аеродром, гледаме пожолтени тревници, неискосени површини, урната урбана опрема и расфрлано ѓубре.

Паркот „Радост“ во Реонски центар – наместо да го завршат уште во првата година – четири години подоцна сè уште не е готов.

Парк кај касарната „Гоце Делчев“ – ветен, но нема ни проект.

Нов парк во Ново Лисиче со содржини за сите возрасти – само празно ветување.

„Паметен систем за наводнување“ – не можат да ги поправат ни старите прскалки.

Паркот „Авионче“ требаше да стане мал луна парк – останува запуштен простор со паркирани возила на тревниците.

Нови паркови за миленици во секој дел од Аеродром – ниту еден не е изграден.

Митески и Муцунски не само што не подигнаа нови паркови, туку ги оставија да пропаднат и оние што беа подигнати претходно.

Аеродром, некогаш најзелената општина во Скопје, денес е симбол на запуштеност и ѓубре на секој чекор.

Затоа прашуваме: Со кое лице Дејан Митески ќе бара втор мандат од граѓаните? Имаат ли Митески, Муцунски барем трошка срам за она што го направија – или подобро речено, не го направија?

Време е да ја вратиме општината во рацете на луѓе што работат. Аеродром заслужува вистински паркови, чист воздух и уредени јавни простори. Заедно со Вас граѓаните ќе се избориме за Аеродром, ќе се избориме за нашиот дом!“, изјави Марина Кусакатска, кандидатка за советник во Советот на општина Аеродром од СДСМ и коалицијата.