Огромна метална топка е пронајдена на брегот на Јапонија, која го збуни населението и предизвика низа акции на властите. Засега се уште не се знае за што точно се работи, одговор на тоа прашање немаат ниту полицијата, ниту специјалистичката екипа за експлозивни направи, кои веднаш биле испратени на местото на настанот.
Она што е познато е дека овој мистериозен објект е шуплив и не претставува никаква закана. Многумина претпоставуваат дека се работи за некаква пловка, пишува Би-Би-Си.
A mysterious metal ball spotted on a beach in Hamamatsu City this week prompted local police to scramble the bomb squad. A careful examination revealed it is not a threat — but shed no light on what it actually is. pic.twitter.com/ytClWsP0bw
— NHK WORLD News (@NHKWORLD_News) February 21, 2023
Сфера со дијаметар од 1,5 метри
Јапонската телевизија NHK објави видео на кое се гледаат двајца службеници на брегот на градот Хамамацу како ја прегледуваат топката со дијаметар од околу 1,5 метри. Прв ја забележал локален жител кој веднаш ја известил полицијата. Надлежните ја опколиле областа и направиле рендген снимка од која било откриено само дека предметот не претставува опасност за јавноста.
Локалните власти најавија дека наскоро ќе го отстранат објектот. Таквата мистериозна топка веројатно немаше да предизвика паника под други околности, но Јапонија денес, која не е поврзана со овој настан, изрази загриженост поради наводните кинески шпионски балони кои биле забележани над нејзината територија во најмалку три наврати од 2019 година. Пекинг ги негира тврдењата за шпионажа.