Младиот македонски репрезентативец Бојан Миовски, кој доби деби повик од новиот селектор Благоја Милевски за септемвриските мундијалски квалификации, уште еднаш покажа дека заслужено добива место во нашата најсилна селекција.

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски имаше одлично попладне за МТК и учествуваше во двата гола во победата на својот тим на гостувањето кај Ујпешт (1-2).

За новиот македонски репрезентативец, кој досега беше дел од младата селекција, ова е втор сезонски гол откако даде гол и на гостувањето кај Ѓирмот во ремито 1-1.