Министрите за надворешни работи на Бугарија и на Република Северна Македонија, Николај Милков и Бујар Османи, го посетија претепаниот секретар на бугарскиот културен клуб во Охрид, Христијан Пендиков во Воената болница во Софија.

„Ние кажуваме НЕ за заживување на овие црни традиции кои историски се поврзуваат со Македонија – на палење, пукање, насилство врз луѓе. Вакви работи немаат место во Европа. Бугарија нема да отстапи од заштитата на правата на нашата заедница, кои се луѓе со достоинство Има ескалација, Христијан во моментов продолжува да добива закани на интернет, со погрдни зборови“, изјави шефот на бугарската дипломатија Николај Милков.

Според него, лекарите треба да дадат информации за состојбата на Христијан Пендиков.