„ДЗР во Ревизија за 2023 година, на министерството за финансии и буџетските трошења констатира низа нерегуларности. Власта на СДС и ДУИ крајно нетранспарентно ги трошела народните пари. Милиони евра народни пари се трошени на сомнителен начин“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ревизорот констатира дека власта на СДС и ДУИ не ги објавувала одлуките за одобрување на средства од раздел МФ – функции на државата во службено гласило.

Што криеле СДС и ДУИ? Со СДС и ДУИ јавните финансии се управувани недомаќински и неодговорно.

Граѓаните не знаеле каде одат нивните пари. 7 години се трошени цели буџети, а ништо не е мрднато од мртва точка.

Неспособноста заврши со СДС и ДУИ. Следува економска трансформација на Македонија“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.