Фудбалската куќа на Македонија објави новогодишно интервју со селекторот на У21 репрезентацијата, Благоја Милевски.

Еден од најпризнатите македонски тренери во „Куќа на фудбалот“ зборува за последниот квалификациски циклус и „административната“ одлука која неговата генерација ја чинеше нов пласман на Европско првенство.

Слушнете го размислувањето на „Сер Боби“ за создавањето нови А репрезентативци и потенцијалот на новата генерација македонски фудбалери.

Воедно и за неговите размислувања во пресрет на настапот на Европското првенство кое ќе се одржи наредната година и сме во група со Холандија, Австрија и Украина.

– Им посакувам на играчите да бидат во добро здравје. Да бидат спремни и здрави што е најважно во оваа ситуација. Да уживаат на тоа Европско првенство, како награда на тоа што го направија нели во тие квалификации на Лига нации. Мислам дека индивидуален квалитет, поседуваме и тоа како, голем. Познавајќи ги нивните квалитети на играчите, индивидуални, и таму каде што настапуваат во најдобрите европски лиги, во добри и сериозни клубови, мислам дека имаме индивидуален квалитет и потенцијал да бидеме конкурентни во таа група и на ЕП. Да, според мојата филозофија, тимот победува, но тоа е друга тема на разговор – вели Милевски.

ИНТЕРВЈУ Муамед Сејдини: Пандев е голем човек, ВАР бара огромни средства, не одиме со „бело знаме“ на ЕП!