Во моментов се игра дерби натпреварот од првото коло во Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Баерн.
„Баварците“ важеа за фаворити пред почетокот на овој натпревар, и се чини дека полека ја оправдуваат таа улога.
Германскиот шампион подобро го отвори натпреварот, создаде неколку ветувачки можности, а една од нив Томас Милер ја претвори во гол.
Гостинскиот играч шутираше од некои 25 метри во 34. минута, а топката се одби од Гарсија и на тој начин го измами Тер Штеген.
Погледнете го голот ТУКА.