Холивудската актерка Мила Кунис целосно се промени за новата улога и подготвено го покажа својот талент во претстојниот филм „Four Good Days“, чиј трејлер штотуку е објавен.
Поранешната ѕвезда на „Весели седумдесети“, ќе ја игра Моли, млада жена која се бори со зависноста од хероин и која ја моли својата мајка, Деб, да и помогне. Деб ќе ја игра познатата Глен Клоус, која неодамна по осми пат беше номинирана за Оскар. Во филмот мајката и ќерката ќе ги преживеат четирите најтешки денови од својот живот.
Кунис, која главно игра во комедии, е непрепознатлива во трејлерот за оваа драма. Косата и е избледена со долги црни израстоци, а лицето и е пропаднато и прекриено со акни.
„Ќе ти го кажам ова во бројки, Моли. Зависниците од опоиди и се враќаат на дрогата во 97 проценти од случаите“, вели докторот во овој трејлер пред Моли и нејзината мајка.
Докторот понатака вели како Моли, која и сама има мали деца, пробала да ја остави дрогата 15 пати досега. Тој и нуди на Моли лек кој ќе ја спречи да почувствува задоволство кога ќе земе хероин.
„Дали тоа е безбедно“, прашува Моли.
„Се шегуваш? Дали твоето тело одеднаш стана храм“, саркастично и одговара Деб.
Со цел да биде соодветен кандидат за земање на лекот, Моли мора да биде чиста во наредните четири дена, а тоа воопшто не е лесно.
Филмот „Four Good Days“ е базиран на вистинската приказна на Ели Саслоу, добитничка на Пулицер. Саслоу е една од сценаристите на филмот.
Овој филм во кината ќе се најде на 30 април.