Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека неговата животна желба била да стане редовен професор на факултет.

„И станав, тоа е убава работа. Образувате луѓе, млади луѓе, тие луѓе тоа знаење што го добиваат од вас, потоа го применуваат во животот и ги развиваат своите семејства“, вели Мицкоски.

Тој додава дека кога бил избран за претседател, имал голем предизвик.

„Сега имам желба да направам нешто за државата, ценам дека како граѓанин на оваа држава кој се пријавил да го служи војниот рок доброволно сум направил нешто, но тоа ценам дека не е доволно“, порача Мицкоски.