На денешната седница на Собранието на Република Македонија, каде што тема е Ребалансот на Буџетот, му реплицирав на поранешниот вицепремиер од Владата на ДУИ и СДС Фатмир Бетиќи.
Откако го соочив со вистината и му искажав неколку факти, некогашниот вицепремиер во очигледна нервоза и паника, видно изнервиран го покажа вистинското лице, истакна на социјалните мрежи Јане Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Почнаа навреди за семејство, за новинарите.
Маските паднаа и се виде вистината.
А, вистината можете да ја видите на видеото.
Може да се види нервоза, агресивност, дрскост и еден исплашен човек.
Човек кој мисли дека ако навредува и глуми жртва некој ќе му се смилува.
Дека одговорноста за постапките ќе биде заборавена.
Е вакви луѓе ни ја воделе државата, вакви луѓе ја кроеле нашата судбина.
Добро е ова видео да има јавна осуда, за никогаш повеќе вакви луѓе или слични на нив да не дојдат во можност да водат институции или сериозни процеси во нашата држава“, прецизира Мицевски во објавата./Макфакс
Текстот (Видео) Мицевски: Маските веќе паѓаат, Битиќи глуми жртва и мисли дека ќе избега од одговорност за своите постапки е превземен од МАКФАКС.