ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Создади нова иднина“ ја претстави листата на советници во Гостивар. Во оваа општина ВМРО-ДПМНЕ нема кандидат за градоначалник, па затоа даваат поддршка за кандидатурата на Арбен Таравари од коалицијата АА-ААА. Мицкоски пред гостиварци побара да гласаат за листата на ВМРО-ДПМНЕ под број 7 и Арбен Таравари, бидејќи, како што додаде, Гостивар има потреба од него. ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата вечерва ќе ги посети Куманово, Карпош и Кисела Вода.
-Во Гостивар гласајте и поддржете ја советничката листа предводена од Гоце Димовски, млад и перспективен човек. Личност кој ќе се бори за секој еден гостиварчанец. За градоначалник гласајте за Арбен Таравари- хуман човек, еснаф кој се труди со целото срце и сила за Гостивар, порача Мицкоски.