Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски утрово посети семејство од тетовско Нераште, кои загубиле свој член во пожарот во модуларната Ковид болница.

-Денес бев во Нераште, во домот на семејство кое за жал претрпе огромна загуба во изгорената модуларна болница. Болката е огромна, моето најдлабоко сочувство до семејството, напиша Мицкоски на Фејсбук објавувајќи и видео од посетата.