Кога температурите паѓаат под нулата, на покривите и столбовите се формираат ледени мразулци и иако нивното лижење и грицкање можеби звучи забавно, и секој од нас го правел тоа како дете, метеоролог ја објасни опасноста што се крие позади оваа „зимска забава“.
Метеорологот од Ајова, Америка, објави видео на социјалната мрежа „ТикТок“ со важно предупредување: Не јадете мразулци!
Деновиве на социјалните мрежи видеото предизвика многу реакции од луѓе кои воопшто не биле свесни за ова.
Метеорологот Кејти Николау на својот профил на „ТикТок“ сподели видео од жена (со заштитено лице) како јаде долг мразулец извлечен од покривот на нејзиниот дом со реакција: – Ве молам, не го правете тоа… Јас сум метеоролог – знам за што зборувам, апелираше Кејти.
„Мразулците се формираат со слевање на водата од покривот и сливниците. Па, еве што се случува. Дали знаете што друго има на вашиот покрив? Измет од птици. Многу. И голем број на нечистотии. И сето тоа водата го носи и го замразнува во мразулецот. Вие јадете измет!“, објасни таа.
@weather_katie Don’t eat icicles! Please respect the fact that I edited out the original woman in the video (I have her permission) #IciclePoop
Нејзиното видео собра 10,6 милиони прегледи на апликацијата. Преку своите платформи на социјалните мрежи, Николау досега постојано споделува факти за снегот и мразот, како и за торнада.
Метеоролог за „Yahoo Life“ изјави дека го снимила видеото откако гледала видео клипови на Интернет од луѓе кои јадат мразулци скршени од покриви, автомобили и слично.
„За да се кондензира водата и да се создаде дожд или снег, потребни се јадра за кондензација на облаците (аеросолни честички). Тоа е модерен израз за нечистотија, сол, јаглерод или прашина. Мразулците од покривите можат да содржат катран, олово или животински измет и други канцерогени материи“, вели таа.
„Следната недела ќе објавам видео за тоа зошто не треба да јадете снег“, објави Кејти.