Како и многу славни личности низ целиот свет, и бремената војвотка од Сасекс, Меган Маркл, со нејзиниот сопруг Хари, реши да ја поддржи иницијативата „Global Citizen“ и концертот „Vax Live“ за подигнување на свеста за вакцинацијата против коронавирус.

За време на преносот на концертот „Vax Live“, на кој учествуваа светски музички ѕвезди како Џенифер Лопез и групата „Foo Fighters“, Меган Маркл им се обрати на милионите гледачи, а воедно стави крај на гласините дека таа се породила во тајност.

Меган Маркл своето обраќање го имаше од дворот на нејзината вила во Калифорнија по повод концертот.

Насмеана и облечена во светло црвен фустан со цветен дезен, Меган зборуваше за вакцините, поддршката за жените од сите раси.

Минатата година беше дефинирана со неуморно и херојско обединување на заедниците во борбата против ковид-19. Се собравме вечерва затоа што патот пред нас е посветол, но секој од нас мора да го најде својот личен пат“, посочи Маркл.

Како водачи на „VaxLive“, јас и мојот сопруг веруваме дека клучот за нашето закрепнување е да се даде приоритет на здравјето и безбедноста за секого, особено за жените кои се најмногу погодени од пандемијата. Од почетокот на епидемијата, околу 5,5 милиони жени во САД останаа без работа, а 47 милиони жени ширум светот се наоѓаат на работ на сиромаштија“, продолжи таа.

epa-efe
Фото EPA-EFE/ANDY RAIN

Мојот сопруг и јас сме возбудени што очекуваме девојче. Кога мислиме на неа, мислиме на сите жени и девојки на планетата на кои им е потребна поддршка“, рече Меган.