Медицинскиот техничар од Метју В., ја прими вакцината Фајзер на 18 декември.
„Ја добив мојата вакцина против ковид! Петнаесет минути потоа седевме наоколу со еден куп други додека здравствените работници не прашуваа како се чувствуваме што ме натера да мислам на опиумско дувло. Ќе се пријавам ако започне да ми расте трета рака“, напиша Метју на Инстаграм.
Но, на Бадник, Метју, кој работи во две различни болници во Сан Диего, започна да се чувствува болен откако работеше на смена во одделението за ковид-19, објави Дејли Мејл.
Регулаторите на вакцината Фајзер откриле дека најдобриот имунитет против коронавирус се создава седум дена по втората доза, која се дава три недели по првата, што значи дека постои можност некој што примил вакцина, сепак да може да се разболи од вирусот во тој временски период.
На сите пациенти им требаат две дози на вакцина за да постигнат имунитет.
Метју за ABC 10 News изјави дека најпрво ги чувствувал треска а потоа имал болки во мускулите и замор.
На 26 декември отишол во болница за да направи тест и бил позитивен.
Според здравствените експерти кои го анализираа случајот, иако е изненадувачки, тоа не е неочекувано.
Д-р Кристијан Рамерс, специјалист за инфективни болести во Семејните здравствени центри од Сан Диего, за станицата изјави: „Не е воопшто неочекувано. Ако ги анализирате бројките, ова е токму она што очекуваме да се случи ако некој биде изложен“.