Ова е моментот кога човек кој се обидува по секоја цена да избегне да влезе во крвавата војна на Русија во Украина, е заробен од единиците за собирање регрути на Путин.

Како што пренесува Телеграф, на видеото снимено од станбен блок во Санкт Петербург се гледа како тој бега од пријавувањето за воен рок, откако во неговиот дом се појавиле воени службеници.

Трчајќи низ сообраќајот, човекот успева да избегне двајца полицајци пред да го фатат други двајца.

Сега тој ќе биде испратен во камп за обука и би можел да се најде себеси како се бори и умира на првата линија на фронтот во Украина.

Путин нареди делумна мобилизација на, како што рече, руските воени резервисти минатиот месец, со  што 300.000 луѓе ќе бидат испратени на бојното поле.

Оттогаш, се појавија снимки од голем број мажи – главно од руралните области на Русија – кои се ставаат во автобуси и испраќани во кампови за обука.

Прикажи повеќе